X
 16.02.2021 Забава

Холанѓаните се лизгаа на замрзнатите канали

Ниските температури преовладуваа во Северна Европа минатата недела, па Холанѓаните ги искористиле познатите канали и езерата како лизгалишта.

Властите се обиделе да го ограничат пристапот до овие места за да спречат потенцијално групирање за време на пандемијата, па затоа не било дозволено паркирање во близина на водните површини. Сепак, тоа не ги спречило жителите, кои морале да пешачат за да лизгаат.

Во Амстердам десетици луѓе лизгале на познатиот канал Принзенграхт, кој бил користен како лизгалиште од 2018 г.


Извор: euronews.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава