X
 28.06.2019 Здравје

Дали правилно се заштитуваме од сончевите зраци?

Колку долго сте свесни за тоа колку е опасно сонцето? Колку години наназад во текот на летото се мачкате со кремови со заштитен фактор? Дали воопшто сте посветиле внимание на тоа од што ве штитат тие кремови? И ако сте го правеле тоа, сте биле во заблуда.

Средствата за сончање претежно имаат УВА и УВБ-филтри. И иако мислиме дека тоа е доволно, УВА и УВБ сочинуваат само 7 отсто од вкупниот сончев спектар, додека инфрацрвеното зрачење (ИР-А) претставува речиси една третина од вкупното сончево зрачење. И тоа е нешто што повеќето од нас не го знаат. Тие зраци продираат најдлабоко во кожата и за разлика од УВ, кои ја оштетуваат клеточната мембрана. ИР-А зраците минуваат во самата клетка.

ИР-А зраците ја оштетуваат кожата, прават таа забрзано да старее, но можат да доведат и до создавање на преканцероза и разни видови ракови на кожа, па и меланом.

Како да бидете одговорни кон себеси? Веднаш ќе ви кажеме дека не е точно дека нема да поцрните ако се мачкате со крем со заштитен фактор, тоа ви е само алиби за мрзливост.

Освен што треба да избегнувате сончање во периодот од 11 до 16 часот, треба и да користите кремови со висок фактор, кои штитат од УВА, УВБ и ИР-А зрачења. Намачкајте се 20 минути пред излегување надвор, а нанесувајте крем и на секои два часа и по капење. Мачкајте се и додека се одморате под сенка. Чадорите не штитат целосно од сончевото зрачење.

Не заборавајте да се заштитите од сонцето и додека сте во град, а не само на плажа. Дури и ако ефектите на штетното влијание не се гледаат веднаш, не дозволувајте си за некоја година да се прекорувате што не можете да го вратите времето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје