Работата во „
Гугл“ за многумина изгледа како остварување на соништата – одлична плата, поттикнувачко опкружување и многу можности за напредување. Но, за да се стигне до работно место, треба да се помине ригорозното и комплекно тестирање, а овој технолошки гигант е светски познат по необичните интервјуа преку кој се избираат кандидатите.
Прашањата кои кандидатите мора да ги одговорат ги подготвува посебен оддел за човечки ресурси, но некои од нив се покажале како многу тешки, па се одлучило да не се поставуваат повеќе. Понекогаш тајната на одговорите не лежи во познавањето на необични податоци, туку е потребна снаодливост и креативност на поединецот.
Вилијам Паундстон во својата книга „Дали сте доволно паметни да работите во Гугл?“, открива неколку такви примери.
1. Зошто капаците на шахтите се кружни?
Кога би биле правоаголни и поставени под погрешен агол, тогаш значително се зголемува веројатноста да се пропадне во нив.
2. Капетан сте на пиратски брод, а екипажот гласа за распределба на украденото богатство. Ако помалку од половината од екипажот се согласи со вашиот предлог, ќе умрете. Како да се респредели богатството за да извлечете најмногу за себе, но и да преживеете?
Потребно е да се осмисли решение со кое ќе бидат задоволни мнозинството од екипажот и капетанот. Најпрофитабилно решение за капетанот е да го распредели богатството меѓу себе и 51 процент од екипажот, чии гласови го одржуваат во живот.
3. Човекот го туркал својот автомобил до хотелот и го изгубил своето богатство. Што всушност се случило?
Човекот играл „Монопол“ и застанал на погрешно поле.
4. Ако погледнеш во часовникот и стрелките покажуваат 15 часот и 15 минути, колкав е аголот помеѓу големата и малата стрелка ? (помош: Не е нула)
Аголот изнесува 7,5 степени.
5. Колку би наплатил за чистење асполутно сите прозорци во Сиетл?
Се признава кој било конкретен одговор, односно точен би бил одговорот што дава цена за еден прозорец, на пример - би наплатил пет долари по секој прозорец.
6. Колку пати на ден се преклопуваат големата и малата стрелка на часовникот?
22-пати.
7. Како на осумгодишно дете ќе му го објасните значењето на поимот „база на податоци“ во три реченици?
Базата на податоци е апарат што запомнува многу податоци за различни работи. Луѓето го користат за да дојдат до тие податоци. А сега оди да си играш.