X
 11.10.2015 Економија

Швајцарските банки ќе откриваат како се перат парите

перење

 

Оваа година потпишан едоговор меѓу американското Министерство за правда и 41 швајцарска банка. Овие банки се обврзаа дека ќе откријат како клиентите помагале во криењето пари, кои банкари се одговорни, кои се посредници и како се движел текот на парите.


Овие информации ќе им помогнат на американските истражувачи да започнат истрага против луѓето и институциите кои биле вклучени во перењето на пари и во другите земји, а потенцијална мета се банките во Израел и Сингапур.

„Парите одат од Швајцарија во други земји“, изјави американскиот истражувач, Каролина Цираоло.

Првата соработка на американското судство и швајцарските банки започна во 2009 година, откако UBS во склоп на договорот, плати казна од 780 милиони долари поради помагање во затајување на данокот, а потоа започна истрага против уште 14 банкари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија