X
 03.12.2015 Економија

Што може да се направи со богатството на Марк Цукерберг?

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан, изјавија дека ќе донираат 99% од нивните Фејсбук акции (кои се проценуваат околу 45 милијарди долари) за филантропски цели во текот на нивниот живот.

 

дете


Парот напиша дека се фокусира на „напредување на човечкиот потенцијал“ и „промовирање на еднаквост“. Со помош на проценките на трошоците од неколку организации, веб страната „Time“ состави листа на неколку работи кои можат да се направат со парите на Цукерберг и Чан - користејќи ја бројката од 45 милијарди долари како репер, иако цените на акциите и некои од овие статистики ќе се менуваат во наредните години.

1. Храна за гладните деца во светот. Парите на Цукерберг ќе можат да ги хранат децата околу 14 години. Светската програма за храна на ОН проценува дека тоа ќе ги чини само 3.2 милијарди долари годишно за да нахранат 66 милиони деца на училишна возраст кои се гладни секој ден.

2. 38 милијарди деца ќе добијат образование.
Според Глобалното партнерство за образование, чини околу 1.18 долари дневно за да се образоваат деца од сиромашни и средни семејства околу 13 години и тоа да го прават од предучилишна до средношколска возраст. Овие 45 милијарди би можеле да помогнат во едуцирањето на генерации на деца.

3. 9 милијарди мрежи за комарци. Во 2015 година, 438.000 луѓе починале од маларија, според УНИЦЕФ и СЗО, а поголемиот дел од нив биле млади деца. УНИЦЕФ проценува дека се потребни околу 150 милиони мрежи за да се заштити населението кое е подложно на маларија во суб-сахарска Африка, а CDC фондацијата проценува дека чини само 5 долари за да се купи мрежа со инсектициди.

4. 6.4 милиони бунари за пиење вода. Околу 1.8 милијарди луѓе низ светот користат извор на вода за пиење кој е контаминиран со измет, според СЗО, а се проценува дека секоја година умираат околу 842.000 луѓе секоја година од дијареа предизвикана од контаминирана вода, од небезбедна канализација, и неможноста да се измијат рацете, бидејќи нема доволно вода. За да го решат ова, Цукерберг и неговата сопруга би можеле да започнат да градат бунари. Според организацијата „Water Wells of Africa“, непрофитабилна организација која гради бунари со безбедна вода за пиење во африканските земји, просечната цена за изградба на еден бунар кој би им служел на 2.000 луѓе е 7.000 долари, односно 3.50 долари по лице.

5. Околу две неделно финансирање на глобалната инфраструктура. Можеби не е најдобрата област од филантропијата, но Светската банка проценува дека на светот му се потребни помеѓу 1 и 1.5 трилион долари секоја година за да се инвестира во инфраструктурата како што се патиштата, мостовите, аеродромите.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија