X
 04.01.2018 Економија

Како Исак Њутн изгубил 20.000 фунти на берза?

Има многу случаи што покажуваат дека интелигенцијата и критичкото размислување немаат големо влијание врз успехот или неуспехот на пазарот. Во такви случаи, често се споменува „лудилото на масите“, или други клишеа што се даваат како објаснение.

фотоизвор: openculture.com

За илустрација, авторите на бизнис-приказни и репортерите од пазарот се осврнуваат на приказната за спектакуларниот подем и пад на Исак Њутн во таканаречениот „Јужен морски меур“ од 1720 година. Неговата приказна ја има во класикот од 1949 година на Бенџамин Греам - „Интелигентниот инвеститор“, често читана книга во која се зборува за ирационалноста на пазарните системи. Греам напишал:

„Пролетта 1720 година Исак Њутн поседувал акции во компанијата ’Јужно море‘, најдобрата берза во Англија. Чувствувајќи дека пазарот излегува од контрола, големиот физичар сметал дека може да ги пресмета движењата на небеските тела, но не и лудилото на луѓето. Њутн ги продал своите акции и остварил профит од 7.000 фунти. Неколку месеци подоцна повторно се приклучил на берзата, но за повисока цена, па изгубил 20.000 фунти. Остатокот од животот им забранувал на сите да ги изговорат зборовите ’јужно море‘ во негово присуство“.

Експертите сметаат дека можеби Њутн дозволил неговите емоции да го извлечат најдоброто од него, па го разнишала ирационалноста на масата. Низ историјата луѓето биле алчни и лековерни учесници во финансиските кругови. Па, и Исак Њутн бил само човек. Исто така, може да се каже дека неуспехот на емоционалната дисциплина игра значителна улога во ваквите случаи, односно дека карактерот е пресуден, а не интелигенцијата на човекот.

Економистите ги обвинуваат апстракциите за економските настани како во „Јужен морски меур“ или ги обвинуваат инвеститорите што претеруваат во потрагата по профит. Други објаснувања се и инхерентно експлоататорска природа на корпоративниот капитализам, како и корупцијата и судирот помеѓу државата и приватниот сектор, со што станува невозможно инвеститорите да ја евалуираат ситуацијата транспарентно.

Иако бил математички и научнички гениј, Исак Њутн не бил исклучок – бил само субјект на ирационална алчност како и следниот инвеститор, во рамките на предаторската махинација на силите на пазарот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија