X
 26.01.2017 Технологија

Тестиран е најсилниот ласер на светот


Најсилниот ласер на светот

Тим составен од британски и чешки научници деновиве го тестираа супер-ласерот наречен „Бивој“ според истоименото чешко митолошко битие, што е десетпати помоќен од постоечките, јавува AFP.

Ласерот е развиен во соработка меѓу британскиот CLF (Централниот уред за ласери) и чешкиот државен проект „Пулсирачки ласер со висока просечна сила“ (HiLASE).

Ласерот има тежина од 20 тони и чини 44 милиони евра, а ќе има широка примена во аеронаутичката, автомобилската и енергетската индустрија.

Таканаречениот ласер со висок максимум има просечна излезна сила од 1.000 вати, која ласерот првпат ја постигна на 16 декември минатата година.

Лидерот на овој британски тим истакна дека се работи за важен рекорд.

„Ова е огромен чекор нанапред , исто како победа на Олимписките игри“, изјави директорот на чешкиот проект, Томаш Мочек.

Овој ласер има револуционерен потенцијал во инженерингот, во зајакнувањето на металните површини, во преработката на полупроводниците и при изработка на материјали на микронско ниво.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија