X
 08.05.2020 Живот

Меѓународниот авион во Виена нуди тестирање за Ковид-19 од 190 евра ако патниците сакаат да избегнат карантин

По пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Виена, патниците можат да платат за веднаш да бидат тестирани за Ковид-19 и ако нивните резултати се негативни, можат да го избегнат потребниот 14-дневен карантин.

Владините регулативи во Австрија во моментот бараат сите патници во земјата да презентираат медицински сертификат не постар од четири дена со кој се потврдува дека нивниот резултат од тестирањето за Ковид-19 е негативен или ќе бидат ставени во строг 14-дневен карантин.

Но, од 4 мај патниците на меѓународниот аеродром во Виена ќе имаат опција да се тестираат (Пи-си-ар тест) во рамките на аеродромот и доколку се негативни, да го избегнат задолжителниот 14-дневен карантин.

Пи-си-ар тестовите што потврдуваат постоење на Ковид-19 преку примерок од нос и грло се обезбедени од австриската компанија „Конфиденс Ди-ен-еј Аналисен Гмбх“ и чинат 190 евра. Резултатите се испитуваат во лабораторија што се наоѓа на приземје на аеродромот, а ќе бидат готови во рок од три часа. Оние со негативен тест ќе можат да продолжат да се движат во земјата без 14-дневен карантин, а оние што ќе бидат позитивни ќе бидат пријавени на властите.

test
Фото: Pixabay

И патниците што заминуваат од аеродромот ќе можат да се тестираат за Ковид-19 и ќе можат да го искористат нивниот негативен статус во медицинскиот сертификат за да докажат дека во моментот не се заразени.

Патниците до меѓународниот аеродром во Виена можат да закажат тестирање користејќи ги информациите за контакт наведени на веб-страницата на аеродромот. Но, важно е да се знае дека австриската влада забрани влегување на граѓани што не се од Европската Унија преку воздушно патување надвор од шенген-зоната, иако се применуваат исклучоци во одредени случаи, како на пример дипломати, хуманитарци и здравствени работници.

Извор: Afar.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот