X
 05.01.2022 Наука

Научниците се загрижени поради појавата на „близначка епидемија“

Иако влеговме во 2022 година со надеж дека епидемијата на коронавирусот некако ќе заврши, засега нема јасни знаци дека е при крај. Новиот случај, кој е комбинација од ковид-19 и сезонски грип, наречен флурон, се чини дека не им дава мир на научниците и лекарите низ светот.

Израелското Министерство за здравство го истражува случајот и се обидува да утврди дали комбинацијата на двата вируса може да предизвика посериозни симптоми.

Експертите предупредуваат дека истовремената инфекција со грип и некои други респираторни вируси секако го ослабува организмот и имунолошкиот систем.

Дури и кога не се во исто тело во исто време, појавата на два вируса во ист период може да создаде сериозни проблеми за здравствените системи кои веќе се оптоварени. Во изминатите недели во Израел е зголемен бројот на заболени од сезонски грип.

Преклопувањето на коронавирусот и грипот би било катастрофално


Минатата недела 1.849 Израелци биле примени во болниците со грип, меѓу кои 605 деца и 124 бремени жени и мајки.

Затоа здравствените власти во Израел стравуваат од појава на „близначка епидемија“ (twindemic), односно истовремена епидемија на коронавирус и сезонски грип. Се стравува дека голем број случаи на грип и ковид-19 би можеле да ги преоптоварат болниците, што беше спречено минатата година со ригорозни епидемиски мерки низ светот.

Исто така, се претпоставува дека големиот број заразени со коронавирус и со сезонски грип ќе доведе до зголемен број на случаи на флурон, односно дека сѐ повеќе луѓе ќе се заразат со комбинација од два вируса.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука