X
 30.01.2017 Економија

Еуростат: Македонија има најевтина риба

Цената на храната е највисока во Швајцарија, додека пак Велика Британија е десеттата најскапа земја во Европската Унија, според податоците на „Eurostat“. Каде се наоѓа Македонија на оваа листа?


Податоците се земени од 440 производи на храна, пијалоци и тутун. Индексот на Македонија за цената на храната е 58 проценти, а што се однесува до алкохолот, неговата цена е за 61 процент над просекот на ЕУ, додека пак цената на цигарите за 25 проценти над просекот. Алкохолот во Ирска е околу 75 проценти над просекот на ЕУ, а во Бугарија е за 36 проценти под просекот на ЕУ. Тутунот е најскап во Британија, а најевтин во Бугарија.


Данска е најскапата држава што се однесува до лебот и житарките, месото и рибата, додека пак Кипар е најскап за млеко, сирење и јајца.

Меѓу 38 земји, Романија е најевтина за леб и житарки, Албанија за месо, а Македонија за риба, додека Полска има најевтини млечни производи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија