X
 31.01.2017 Технологија

„Facebook“ воведува мала, но доста важна промена

фб

Поминаа пет месеци откако „Facebook“ го отстрани уредничкиот опис од опцијата „Trending Topics“ и на тој начин го трансформира од персонален водич во листа на клучни зборови без поголем контекст. Ова се покажа како доста лош потег бидејќи приказните кои се целосно неповрзани, се групирани заедно само затоа што имаат заеднички клучни зборови.

„Facebook“ сега целосно се откажува од персонализирани „Trending Topics“ односно од популарните теми и ги менува со локациски одредена листа на теми. Отсега, сите корисници на социјалната мрежа на одредено географско подрачје ќе ја видат истата листа на теми.

„Со овој потег сакаме да им помогнеме на луѓето да не пропуштат важни теми за кои на „Facebook“ се разговара, а на кои можеби нема да наидат во нивните „News Feed“, велат од компанијата.

Исто така, се менува и начинот на кој „Facebook“ одредува дали една тема е актуелна. Досега темата влегуваше во „trending“ ако само една приказна за таа тема станала вирална. Сега во предвид ќе се зема и колку различни новинари пишуваат за темата. На тој начин, од социјалниот медиум се надеваат дека ќе го намалат ширењето на лажни вести. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија