Во текот на вчерашниот ден паднаа „Фејсбук“, „Вацап“ и „Инстаграм“. Проблемот со пристапот почнаа по 17 часот, но околу 17:40 часот услугите на „Фејсбук“ целосно паднаа.
„Фејсбук“ ја обвини погрешната промена на конфигурацијата за речиси шестчасовната блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат на социјалните медиуми и услугите за пораки како што се „Вацап“, „Инстаграм“ и „Месинџер“.
„Фејсбук“ се врати по неколку часа, но некои корисници и понатаму имаат проблем со некои услуги.
Ако имате проблеми со ажурирањето на вашата почетна страница на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ на вашиот мобилен телефон, исклучете се од мрежата, а потоа рестартирајте го вашиот мобилен уред.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik