X
 12.03.2017 Технологија

Внимавајте, на Фејсбук повторно се шири измама

фб
Фото извор: Reuters

Сајбер криминалот е сè почест, а вие мора да знаете да се заштитите, колку што е можно повеќе.

Корисниците на Фејсбук повторно мораат да внимаваат на нивната сигурност бидејќи на оваа социјална мрежа започна да се шири нова измама која со себе носи вирус. Досега е забележана во Велика Британија и полицијата таму ги предупредува сите корисници.

Измамата се базира на веста за смртта на некоја позната личност. Откако ќе кликнете на линкот, пристигнува вест дека компјутерот е заразен со вирус и итно треба да се јавите на телефонот 0800 698 622 каде ви бараат одредени лични податоци.

Британската полиција ги предупредува корисниците да не се јавуваат на бројот и веднаш да го затворат веб пребарувачот како и да ја стартуваат антивирусната програма.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија