По одлуката на Трамп за привремена забрана за емиграција од државјани неколку муслиманска земји во САД, универзитетите и училиштата низ земјата, дискутираат за тоа што значи ќе значи оваа забрана за нивните студенти и за образованието воопшто.
Фатене Кешаварз е директор на двете школи за јазици, литература и култура на Рошан институтот за Перскиски студии во Универзитетот во Мериленд. Родена е во Шираз, Иран и студирала во Лондон претходно, пред да почне да работи како професор во САД. Ја добила првата работа на универзитетот во Сент Луис најмногу заради нејзината способност да зборува и чита на турски, персиски и арапски јазик. Објавила неколку книги и колумни а сега ја има водечката улога во универзитетот. Да беше студент во сегашно време, немаше да има дозвола да влезе во земјата, бидејќи Иран е една од земјите на листата на Трамп, а во текот на 2015/16 година, биле испратени повеќе од 12 илјади студенти за да студираат во САД (најмногу од било која друга земја на листата). Другите земји – Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен испратиле околу 2 илјади студенти.
Кешаварз изјавила дека со присуството на студенти од други култури им се овозможува на сите студенти да дознаат повеќе за светот и да научат нови работи. Но, со сегашната
забрана таа признала дека не знае во која насока ќе се одвиваат работите.
Училиштата ширум САД и учениците стравуваат дека нема да им биде дозволено да се вратат во САД ако сега се упатат во родните краишта. Студент од Судан кој поседувал зелена карта и студира на Стенфорд бил задржан на аеродром,а на рацете му биле ставени лисици.
Многумина стравуваат дека ваквата
одлука ќе влијае и на нивната соработка со училишта и универзитети од земјите кои се дел од листата, а сето ова ќе влијае до појава на изолација во културолошки контекст и финансиски аспект. Просветните работници најмногу се загрижени и велат дека ова ќе биде катастрофално за образованието. Голем број од студентите кои во моментов подготвуваат докторат, можно е да се упатат кон Канада.