X
 01.02.2017 Технологија

„Асус“ го претстави најновиот „гејмерски“ монитор


Новиот монитор на Асус

Компанијата „Асус“ го претстави најновиот гејмерски монитор од серијата РОГ.

Новиот модел доаѓа е именуван како „Swift PG258Q“ и се одликува со 24,5 инчен дисплеј со FDH резолуција (1.920 х 1.080 пиксели).

Размерот на страните кај овој монитор е 16:9, видливите агли заради TN панелот се 170 и 160 степени, а контрастот 1.000 : 1.

„Swift“ се одликува и со осветлување од 400 cd/m2 и брзина на ехото од 1ms (GtG).  Други карактеристики кои посебно ги  истакнува произведувачот се брзината на освежувањето до 240 Hz, како и поддршка за G-Sync технологијата.

Со оглед што овој монитор е наменет за гејмерите, треба да се напомене и дека производителот го препорачува овој модел како особено погоден за играње на FPS, RTS, RPG и Racing насловите.

Но, од  овој производ нема да останат незадоволни ниту љубителите на филмови. Освен Display Port (1.2) и HDMI (1.4) конектори, овој модел има и USB hub со три USB 3.0 порти, од кои еден служи за upstream, а два се за downstream.

Мониторот има тенки рабови околу дисплејот и ергономска основа, што е опремена со Light Signature осветлување.

Продажбата ќе почне на крајот од февруари, а цената ќе изнесува 899 долари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија