X
 22.02.2019 Технологија

Земјите со најдобри компјутерски програмери

Компјутерското програмирање е во срцето на секоја технолошка иновација. Затоа, земјата со најдобри компјутерски програмери може да се смета за технолошки напредна.

Споредувањето на земјите за да се утврди која од нив ги има најдобрите компјутерски програмери е комплицирано. За среќа, „Хакер Ранк“ го искористи сопствениот сет на метрика за мерење на извонредноста на програмерите од различни земји. Ова е листата со 10 земји со најдобри компјутерски програмери.

програмери

1. Кина

Причината зошто Кина се најде на првото место не е големината на нејзиното население. Едни од мерењата за евалуација на најдобрите компјутерски програмери се брзината и точноста. „Хакер Ренк“ на нивната веб-страница има посебни предизвици за да ги одреди земјите со најдобри компјутерски програмери. Предизвиците се фокусираат на вештини за кодирање, структура на податоци и алгоритамски концепти, математички и аналитички вештини и функционално програмирање. Програмерите од Кина ги надминале сите други земји.

2. Русија


Се смета дека Русија ги има најдобрите хакери во светот, а светот ги има видено нивните вештини за хакерство. За да бидете хакер, треба да бидете програмер на највисоко ниво. Руските програмери постигнале 99,9 поени кога програмерите на Кина ги постигнале сите поени. Сепак, тие излегле подобри од Кина во алгоритми.

3. Полска

Можеби е изненадување за многумина бидејќи Полска не е позната како земја со многу мултинационални технолошки компании. Но, ако знаете колку е добар образовниот систем во Полска, тогаш нема да се прашувате зошто успеале да се рангираат толку високо. Училиштата изучуваат компјутерско програмирање, а учениците ги знаат програмските јазици како „Јаva“ и „Python“.

4. Швајцарија


Во Швајцарија се наоѓаат седишта на многу меѓународни технолошки компании. Всушност, компјутерските програмери во Швајцарија се најдоминантни на табелата на предизвици на „Хакер Ренк“. Интересно е да се напомене дека Швајцарија е местото од каде што доаѓа еден компјутерски програмски јазик „Pascal“. Освен тоа, Швајцарија е меѓу водечките земји во Глобалниот индекс на иновации.

5. Унгарија


Унгарската влада воведе часови за програмирање во основните и средните училишта, така што учениците учат да бидат програмери уште од детството. Тие имаат најдобри перформанси на туторијалските предизвици на „Хакер Ранк“.

6. Јапонија


Јапонија е сега позната како земја на криптовалентноста. Револуционерната блокчејн технологија потекнува од Јапонија и сега владее со светот. Всушност, според предизвиците на „Хакер Ренк“, Јапонија е лидер во вештачката интелигенција. Ова ја покажува вештината и интелигенцијата на јапонските компјутерски програмери. Јапонија буквално се трансформира во последната деценија и се смета за еден од лидерите во иновациите.

7. Тајван

Тајван и Кина одат рака под рака, а Тајван се смета за една од најнапредните земји во технологијата. Тие се супербрзи во приспособувањето на новите програмски јазици, а според анкетата, „Python“ е најстариот доминантен јазик во земјата. На „Хакер Ренк“, компјутерските програмери од Тајван се лидери во алгоритмите, структурата на податоци и функционалните програмски предизвици.

8. Франција


Француската влада направи големи промени во образовниот систем за да ги инспирира учениците да станат компјутерски програмери. Исто како во Полска, тие учат програмирање уште во основно училиште, а резултатите се очигледни. Тие се искачуваат на високо место многу побрзо од другите земји.

9. Чешка


Според „Хакер Ренк“, Чешка има најмногу доминантни компјутерски програмери во „shell scripting“. Програмерите се најдоа на второ место во математичките предизвици што ја рефлектираат нивната вештина во функционалното програмирање.

10. Италија

Италија полека, но сигурно станува една од земјите каде што компјутерското програмирање станува прилично добро. Големите компании инвестираат многу во Италија за да ги создадат најдобрите програмери во земјата. „Епл“ најави ново училиште за околу 1.000 програмери токму во Италија. Програмерите од оваа земја имаат исклучителни перформанси во предизвиците како што се база на податоци и туторијали.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија