X
 01.02.2017 Култура

Државата која најмногу искористи од победата на Трамп

Откако Меланија Трамп стана првата дама на Америка, нејзината родна држава Словенија, доживува вистински туристички бум.

меланиа

Според податоците кој во вторникот ги објави словенскиот завод за статистика, бројот на престојувања на американски туристи во Словенија скокна за 10% во 2016 година во однос на 2015.

Словенските туристички агенции добро го искористија доаѓањето на Трамп на власт па организираат туристички тури наречени „По стапките на Меланиа Трамп“ кои ги водат туристите на местата каде Меланиа живеела, студирала и работела пред да замине од Словенија за да ја продолжи кариерата како модел.

На веб страницата која се промовира Словенија и нејзините природни убавини пишува: „Добредојдовте во домот на првата дама на Соединетите Американски Држави“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура