Тестот за британско државјанство познат како „Life in the UK test“ е тест кој мора да се положи за да се добие британско државјанство.
Дизајниран е за да го тестира знаењето на кандидатите и содржи прашања за британската култура и историја. Сепак, прво треба да положите тест за англискиот јазик, а се бара и да имате поминато одредено време во Британија и да немате никакво криминално досие.
За да го направите тестот треба да платите 50 фунти и да одговорите на најмалку 75% од 24-те прашања за да положите.
Во 2016 година, биле направени 125.925 тестови, а 36% од кандидатите паднале.
Во продолжение е мини верзија од квизот, во кој се наоѓаат слични
прашања.