Светскиот ден на книгата е посветен за промовирање на навиките за читање, објавување и авторски права. Овој ден е посветен на љубителите на книгата низ целиот свет.
Светскиот ден на книгата и авторското право почна да се празнува од 1995 година, а е прогласен од УНЕСКО за да им се даде признание на книгите и на писателите. Датумот е избран затоа што токму на овој ден во 1616 година починале двајца великани на книжевноста - Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир.
- Читањето е разговор. Сите книги зборуваат. Но, добрата книга знае и да слуша - Марк Хадон.
- Куќа без книги е како соба без прозорци - Хајнрих Ман.
- Не постои пријател кој е лојален колку книгата - Ернест Хемингвеј.
- Да запомнеме: една книга, едно пенкало, едно дете и еден наставник може да го променат светот - Малала Јусуфзаи.
- Сметам дека телевизија е доста едукативна. Секојпат кога некој го вклучува, јас одам во другата соба и читам книга - Граучо Маркс.
- Отсекогаш замислував дека рајот би изгледал како библиотека - Хорхе Луис Борхес.
- Книгите се уникатна пренослива магија - Стивен Кинг.
- Секој што вели дека имаме само еден живот за живеење, сигурно не знае како да чита книги.
- Ако ги читаш само книгите што другите ги читаат, тогаш го мислиш истото што го
мислат другите - Харуки Мураками
- Се губиме себеси во книгите. Таму и се пронаоѓаме.