X
 06.07.2017 Технологија

Севернокорејскиот паметен телефон - мистериозен телефон на режимот

koreja

Новиот телефон од Северна Кореја се вика „Јindallae 3“, а неговите технички карактеристики засега се непознати, но, според некои информации, се чини како да е мешавина од „Епл“ и „Самсунг“.

Произведен во Северна Кореја, новиот телефон е достапен во црна и во бела боја, и како што соопштува режимот, тој е мултифункционален. Според фотографиите објавени од произведувачот „Mangyongdae Information Technology Corporation“, телефонот изгледа како хибридна верзија на „ајфон 6s“ и „самсунг галакси S7 едге“.

Првиот паметен телефон произведен во Северна Кореја е „Airirang“ и е произведен во 2013 година. Во оваа земја мал број луѓе имаат одобрение за сурфање на интернет. Постои и интранет, односно националната мрежа „Kavngmiong“, и таа не е поврзана со меѓународната мрежа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија