X
 02.02.2017 Живот

Од што најмногу се плашат Американците?

Ако се земе предвид фактот дека џихадистите меѓу 2005 и 2015 убиле 94 луѓе во САД, а во истиот период биле убиени плус 301.797 лица, забраната од Доналд Трамп за влез на мигрантите со цел забрана на жителите на САД е неиздржана.

терористички напад

Која е психологијата на тоа Американците да се поисплашени од тероризмот отколку од огненото оружје, од кои постојат многу поголеми шанси да бидат убиени?

Според едно истржување во 2016 година биле најисплашени од „корумпираноста на функционери во владата“, истиот од 2015. Терористичките напади се на второ место. Всушност, од првите 5, 2 се поврзани со терор. Под број 5 е стравот од забрана на огнено оружје.

страв во америка

Полл Словик, професор по психологија на универзитетот во Орегон ја разбира моќната улога на емоциите во донесувањето на одлуките и забележал како се перцепира ризикот: дали веруваш на личноста со која си во контакт, дали имаш или немаш контрола, дали е катастрофално или хронично, дали поттикнува страв или лутина или дали поттикнува несигурност.

Тероризмот не е како несреќа на моторно возило, каде што делувањето во минатото може да одреди дали ќе се случи несреќа во иднината. Тероризмот е променлив.  По нападот во 2001 година многу луѓе повеќе возеле отколку што летале со авиони.

„Реагираме премногу на видливи закани,“ вели Макс Базерман, еден од директорите на Центарот за јавно лидерство на училиштето Харвард Кенеди и експерт за донесување на одлуки. „Кога има некој надвор да те напаѓа е повидливо, отколку кога тивко умираш во болница.“
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот