X
 23.09.2019 Економија

Сѐ повеќе пензионери стануваат фриленсери

Милениумците добиваат нови колеги во работењето како фриленсери - бејби-бумерите.

Покрај тоа што е популаризирано, а често и фетишизирано од страна на милениумците, фриленсерството всушност е самовработување на 21 век. Во неодамнешна сторија за „Њујорк тајмс“, Шарлот Каулс извести дека сѐ поголем број припадници на бејби-бум генерацијата работат како фриленсери. Возење за „Убер“ или „Лифт“, консултирање на лица и бизниси, држење часови по јога или работење на поавтономна верзија на нивната претходна кариера се само неколку начини на кои луѓето што се пред пензија или веќе се пензионирани се појавуваат во светот на фриленсерството.

Волјата на бејби-бумерите да нурнат во нетрадиционалната работа е знак за променетите времиња колку што е и стратегија за повраќање по загуба на работа или транзиција од работа од 9 до 17 во пензионирање.

- За многу вработени Американци традиционалната слика за пензионирање - наполни 65, уживај во пијано испраќање со колегите и заплови во твоите златни години поддржани од здрава пензија - веќе не е реална - пишува Каулс.

Според истражување на американската Унија на фриленсери и платформата „Апворк“, повеќе од 56 милиони Американци работеле како фриленсери во 2018 година, што е околу еден од тројца возрасни. Поточно, 30 отсто од лицата постари од 55 години истакнале дека минатата година работеле како фриленсери, во споредба со 42 отсто од лицата на возраст од 18 до 34 години.

Работата под договор исто така може да биде корисна стратегија за навикнување на пензионирањето. Околу две третини од фриленсерите постари од 55 години рекле дека го прават тоа за транзиција во нивните златни години.

Претходна анализа на податоците на американското Биро за попис на населението покажала дека околу 20 отсто од Американците постари од 65 години (околу 10,6 милиони лица) или работат или бараат работа, што е рекорден број за последните 57 години.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија