Децата кои почнале да читаат од 5 години, подоцна во образованието читале полошо од децата кои читањето го совладале подоцна.
Бројни
студии покажале дека раното учење на училишниот материјал, иако во почетокот ги подобрува резултатите, всушност на подолг рок доведува до уназадување, особено во поглед на социјалниот и емоционалниот развој, велат експертите.
Што може да биде причина за ваквите последици од раното учење? Експертите сметаат дека нагласувањето на успехот и напредокот остава негативни последици на децата кои се обидуваат да осознаат повеќе од раните години. За разлика од нив, децата кои повеќе играат учат да се согласуваат со другите, да ги планираат своите активности, да ги надминуваат разликите и да бидат поодговорни.
Други експерти за детски развој ги нагласуваат погрешните претстави за тоа како децата учат, кои владеат кај денешните креатори на образовните политики. Искуството стекнато со игра ги менува невронските врски во предниот дел од мозокот. Тие промени се неопходни за да созрее центарот за контрола на извршните функции на мозокот, кој ги регулира емоциите, ги планира и решава проблемите. Децата помлади од 7-8 години не се прилагодени на дидактично објаснување, туку на активно истражување. Кај децата од претшколска возраст, класичното учење ја убива желбата за истражување.
Особено има негативно влијание притискањето на малите деца да учат читање.Тоа не е вештина која се стекнува спонтано како одењето, на пример. Една студија од Германија, покажала дека децата кои читале од 5 години, подоцна се соочувале со поголеми проблеми во образованието, отколку останатите деца.