Речиси никој денес не очекува да заврши на работното место кадешто започнал поради големата динамичност во работната околина. Освен тоа, младите денес влегуваат на пазарот на трудот повешти од своите претходници.
„Универзум глобал“ пишува за припадниците на таканаречената „миленијска“ генерација како за личности кои поставуваат прашања, бараат одговори и се иновативни. Овие млади луѓе не се задоволуваат со било каква работа „од 9 до 5“.
Во потрагата по динамична работна околина потребна е снаодливост и брзина на усвојување промени, кои се клучни за опстојување во иднината.
„Универзум глобал“ спроведе истражување за најпосакуваните работодавци во светот за годинава. Во првите десет се наоѓаат технолошки, финансиски и консултатнтски компании. Во границите на Европа, во топ 10 влегуваат големи компании од индустриите на потрошувачките добра, а најважниот елемент кој ги раздвојува од останатите е постојаното надградување и професионално усовршување.
Денешните студенти се свесни дека факултетската диплома е само билет за влез во светот на професионалниот развој. Желбата за напредок е логична, а згора на тоа, важно е и да се работи нешто што ни е интересно бидејќи работата сочинува значаен дел од сечиј живот.
Генерациите кои доаѓаат треба да се свесни дека за голем успех е потребно да се вложи многу труд. Мотивираните, ентузијастични и лојални вработени се најдобри партнери на секоја компанија.