Да се биде родител е едно од најубавите чувства на светот. Израснувањето на детето во успешна индивидуа е сон на секој родител. Но, често родителите забораваат да ги научат децата одредени претприемачки вештини кои ќе им помогнат во градењето на успешна кариера. Ова се неколку од тие вештини:
Отпорност/Издржливост
Многу околности во животот не ни одговараат. Често сме сведоци на тешки времиња и се чувствуваме изгубено. Но, успешниот претприемач секогаш се труди да се врати и да почне одново. Научете го детето да ги изразува своите чувства и не ги минимизирајте неговите емоции. Помогнете му да ги разбере негативните чувства и да развива позитивни мисли. Нека научат дека ќе се соочуваат со тешкотии, но мора да продолжат да се борат.
Иновација и креативност
Дозволете им на децата да си играат за да си ја развиваат креативната енергија. Игрите нека бидат различни и не лимитирани на мобилни уреди и компјутери. Охрабрувајте ги децата и на спортови на отворено.
Трудољубивост
Најдобрите претприемачи колку и да се успешни не застануваат, туку продолжуваат со напорна работа. Научете ги децата да ја вреднуваат напорната работа и трудот и да завршуваат обврски навремено.
Љубопитност
Претприемачите се одлично ученици кои секогаш се љубопитни за дознавање нови работи за да се подобрат самите себе. Охрабрувајте ги децата да пробаат ново хоби и да ги следат своите интереси. Носете ги во музеи, уметнички галерии и разбудете ја љубопитноста во нив.
Самодоверба и оптимизам
Претприемачите веруваат во своите
способности и секогаш преземаат ризици. Охрабрувајте ги децата да прават сопствени избори и да учат од искуствата. Кажувајте им дека верувате во нив. Тоа ќе им ја зголеми самодовербата и ќе ги поттикне да преземаат ризици.