Иполито Пестелини Лапарели, архитект и партнер на компанијата „OMA“ смета дека се јавува пад на сцената и изгледот на ноќните клубови.
„
Министерство за звук“ е лондонски клуб кој во 2015 година побара од компанијата да смисли концепт за футурустички простор. Лапарели со својот тим дизајнирал софистициран, експериментален простор за ноќните клубови. Идејата е да се задржи експерименталната сензибилност, но и да се комбинира со денешната технологија.
Клубот преку ден е место за апстрактни проекции, а за време на ноќта е место за социјализирање, со соби наменети за експериментална музика и голем подиум за танцување.
Архитектите смислиле мебел кој може да се конфигурира, привремено осветлување и аудио опрема, како и системи за сцена кои се лесни за поставување. Целосно функционален простор, кој лесно и брзо се трансформира, а изгледа естетски и соодветен за намената.