Куќите што архитектите често ги градат за себе, без мешање од пребирливите клиенти и без буџетските и креативните ограничувања, обично го носат товарот за прикажување на нивниот талент и вкус во полн сјај.
Шалини Чандрашекар, главен дизајнер и коосновач на архитектонската компанија „Талисини Дизајн+“, со седиште во Бенгалуру, веројатно имала слична дилема затоа што домот што неодамна го изградила за себе и за своето семејство на периферијата на Бенгалуру изгледа поинвентивно и поубаво од што било што тимот некогаш го дизајнирал.
- Да се биде сопствен клиент овозможува поголема слобода за истражување и креирање. Сакавме да создадеме форма што ќе биде чекор подалеку од едноставното задоволување на потребите на жителите и имавме цел да ги решиме потребите на локалната заедница - вели Шалини за нејзиниот двегодишен труд, кој се одликува со приспособливи, повеќенаменски простор на нивоа.
Лоциран меѓу бујни дрвја, домот што се протега на 1 хектар е монохроматски, вграден во бетонски и цементни завршетоци и заедно со дабовото дрво, бил конципиран од Чандрашекар и нејзиниот партнер Махабоб Баша за да се прикаже живо решение без пречки, додека нуди непрекинат поглед на отворено.
Наречен „Ксарах“, што е санскритски е збор за нешто што постојано се менува, домот се трансформира како што се менува околината.
- Ефектите на волуменот, светлината, сенката и текстурите во секоја област се менуваат континуирано во различни периоди од денот - вели Чандрашекар.
Очигледно е дека дизајнерското дуо сакало
куќата да се вклопи во околината. Она што успеале да го создадат е рај кој е насочен кон панорама што го одзема здивот.
Некогаш неплодната земја е претворена во органска фарма управувана од семејството на Чандрашекар со цел на крајот да бидат самоодржливи. Така, Чандрашекар денес одгледува кокос, банана, јаболка, џамун, тамаринд, калинки и други растенија.
- Што и да порасне тука, ние го делиме со соседите - вели таа.
Минатата година, за време на пандемијата, 80-метарскиот павилјон кој стои на кружни столбови, станал училница за децата од селото кога училиштата биле затворени низ целата земја.
- Павилјонот со високи тавани е исклучително динамичен простор дизајниран да биде мултифункционален и отворен не само за семејството, туку и за локалното население. Овој рекреативен простор секогаш е полн со енергија - вели Чандрашекар.
- Како дизајнери, не сакавме да ги ограничуваме луѓето на таков начин што осмислените простори може да се користат само на специфичен начин. Нема дефинирани функции поврзани со просторот, тука и преку својата мултифункционалност, живеалиштето нуди различен опсег на можности - велат дизајнерите.
Извор:
Vogue.com
Фото: Harshan Thomson