X
 06.02.2017 Живот

ЈСП СКОПЈЕ ќе ги превезува граѓаните бесплатно

ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека согласно Одлуката на градоначалникот на Град Скопје г. Коце Трајановски, почнувајќи од истиот момент на објава на ова соопштение, претпријатието ќе ги превезува граѓаните бесплатно.

Ова мерка е од времен карактер и важи за сите лица кои имаат потреба од јавен превоз и истата ќе биде активна се до нејзино укинување од страна на Градоначалникот.

Мерката за бесплатен јавен превоз е воведена како последица на загаденоста на воздухот во Скопје и со истата се очекува намалување на користењето на леките возила.

Исто така, ја информираме јавноста дека од моментот на воведување на оваа мерка, билетарниците на ЈСП СКОПЈЕ ќе работат само со дежурните служби на следните локации:




Од ЈСП напоменуваат дека од системски т.е. технички причини, ЈСП СКОПЈЕ нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените времени билети, ниту пак пролонгирање на нивната важност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот