X
 06.02.2017 Наука

Предложено 150-годишно патување до „Алфа Кентаур“

Интерстеларното патување, може да стане и научен факт доколку имате пари. За 100 милиони долари, може да  се изнајми ракета и да се вози низ соларниот систем. Но, клучот е во трпението.


Ако се лансира во текот на утрешниот ден и тоа до најблиската дестинација – „Proxima b“, планета со маса како Земјата потенцијална за живот, неодамна откриена во соларниот систем „Алфа Кентаур“, оддалечена околу четири светлосни години, на ракетата би и биле потребни 8о илјади години за да пристигне.

Наместо трошење толку пари, милијардерот Јури Милнер најавил дека за таа сума ќе формира нов пат до „Алфа Кентаур“ до кој ќе може да се стигне во времетраење од просечен човечки живот. „Breaktrough Starshot“ е план кој вклучува користење на конвенционални ракети за да се постават илјадници, четири метри широки, а тешки еден грам, едра во Земјината орбита до 2014 година. Секое едро би било поврзано со чип со ширина од еден центиметар, кој содржи камери, сензори, батерија и мотори. Од орбитата на Земјата, секоја ракета ќе биде насочена до „Алфа Кентаур“ со 20 процентна брзина на светлината. Интерстеларното поминување би траело околу 20 години, па до дестинацијата би се стигнало во 2060 година. Но, тоа навистина чини. Само еден таков проект ќе го чини Милнер 100 милиони долари а можеби и повеќе.

Научниците предлагаат да се користи светлината на ѕвездите за да се испратат подолги едра на повеќе лежерни патувања што би ги одвеле до сите три ѕвезди во „Алфа Кентаур“ системот. Нивниот предлог е да се користи сончевата светлина за да се забрзаат едрата, а и да се потпираат на светлината и гравитацијата на „Алфа Кентаури“ ѕвездите на крајот од патувањето. Повеќе за нивните откритија на следниот линк.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука