X
 25.06.2020 Живот

Одлични ТЕД-говори што ќе ви помогнат околу важните животни лекции

- Mирното море никогаш не создало вешт морнар - е цитат на американскиот претседател Френклин Рузвелт.

Но, токму кризните времиња полни со промени и неизвесност, на пример, времето во кое сега живееме, ја покажуваат вистината на овој цитат во сета негова слава. Многумина ќе ги искористат овие времиња за преиспитување, за стекнување нови вештини и приспособување на сосема нови правила, и ова е сосема очекувано, природно и важно. Во главата ќе имаме нови размислувања што досега не сме ги имале и многу веројатно ќе бараме одговори на некои нови прашања - оние што досега вешто ги игнориравме или воопшто не сме ги имале.

Многумина ќе го променат животот од темел, но тоа нема да се случи тукутака. Ниту една промена не доаѓа лесно, но тоа не значи дека не се исплаќа и не е корисно да се помине низ неа. Во текот на изминатите месеци, кога светот беше опфатен со невидена здравствена криза (а потоа и социјална и економска), прашањата како што се среќата, значењето и благодарноста добија предност кај голем број луѓе, многу повеќе од претходно.

Така, интересот за содржини што се занимаваат со позитивна психологија ненадејно се зголеми, без оглед дали станува збор за инстаграм-профили, поткасти, онлајн-курсеви, книги или јутјуб-видеа. Во продолжение ви нудиме неколку ТЕД-говори што се занимаваат со споменатите теми - од говорот на францускиот писател, фотограф и будистички монах Матие Рикардо, преку психијатарот и психоаналитичар Роберт Валдингер и основачот на позитивната психологија Мартин Селигман, до Дејвид Стејндл-Раст.








Извор: Elle.hr
Фото: Screenshot/TED
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот