X
 27.06.2021 Живот

5 намирници поради кои Јапонците имаат добро здравје, одлична физичка форма и долг живот

Јапонците се необичен народ. Не јадат леб, појадуваат супа и тестенини. Тие се наоѓаат на врвот на листата на најдолгивечниот народ, а бројот на луѓе со прекумерна тежина е занемарлив.

Причината? Многу ферментирана и непреработена храна, зеленчук и житарки, умерени количини на месо и производи од животинско потекло и минимално внесување на овошје и шеќери.

Окинава има најголем број стогодишници во светот и екстремно ниска стапка на инциденца на рак, дијабетес, артритис и Алцхајмерова болест. Доколку сакате да „препишете“ неколку здрави навики од Јапонците, можете да вклучите дел од нивната супер здрава храна.

Тестенини „соба“

Јапонците јадат многу тестенини со додаток зеленчук и зачини, но тестенините „соба“ секако се меѓу најздравите. Направени се од брашно од хељда и содржат протеини, витамини од групата Б, како и хранливи материи кои го намалуваат високиот крвен притисок и го забавуваат стареењето. Вештината за правење тестенини од хељда е техника која не е лесна за совладување. Иако свежи се најдобри, за квалитетни тестенини какви што се продаваат во продавници, погледнете ја декларацијата.

Колку е поголем процентот на хељда, толку подобро, а добар знак е и краткиот список на другите состојки. Тестенините ќе бидат највкусни ако ги готвите во многу вода и ги сервирате веднаш по цедењето. Обично се готват од 3 до 5 минути.

„Мисо“ паста

Ферментираната паста од соја се смета за една од најкорисните намирници во јапонската гастрономија затоа што содржи живи култури кои го зачувуваат варењето и имунитетот, како и мноштво витамини и минерали. Покрај чистата соја, мисо може да ферментира со јачмен или ориз, така што варира во аромата, бојата и вкусот.

Мисо е омилен додаток во супите, а за да ги задржи своите својства, не смее да се вари. Затоа, најдобро е да го измешате со малку вода и да го додадете пред крајот на готвењето. Најдобро мисо се добива од органски одгледана соја и квалитетна сол со малку вода за да се зачува интензивниот вкус. Ферментацијата во буриња не треба да се брза - потребни се „две лета и две зими“ за да се добие одличен производ.

„Умебоши“ слива

Иако е поврзана со сливите, уме (prunus mume) е всушност еден вид кајсија која била сушена, пушена и користена како лек во кинеската медицина пред 2.000 години. Името „слива“ било дадено поради нејзиниот карактеристичен изглед. Јапонците, малку подоцна, со сол и лисјата на растението шисо, го смениле методот на подготовка и почнале да користат умебоши за здрави тоници, природни конзерванси и средства за отстранување на бактериите.

Самураите користеле умебоши против замор, за сила и енергија. Освен тоа, умебоши е одличен природен антибиотик против многу заболувања и болести, опстипација и за здраво варење, како и здравјето на црниот дроб и крвните садови. Поради изобилството на сол, не се препорачува да се јаде повеќе од една умебоши слива на ден, а се користи како додаток на многу јадења, или исецкана на парчиња или во форма на намаз.

alga
Фото: Freepik

Алги


Алгите во Јапонија се јадат свежи или сушени, во мисо супи, салати или суши. Постојат десетици илјади вакви „морски зеленчуци“ кои нутриционистите ги сметаат за едни од најлековитите намирници кои го чистат организмот и бранат од болести благодарение на неговиот богат хранлив и разновиден состав. Алгите вакаме се особено популарни во Јапонија како состојка на многу јадења, но и за помош при губење на вишокот килограми.

Амазаке

Амазаке првично била техника на ферментација и зачувување на храната што Јапонците ја користеле пред повеќе од 1.700 години со готвење ориз, вода и габа што исто така се користи за ферментација на мисо и сос од соја. За осум до десет часа, ќе се создаде пијалок полн со хранливи материи и добри бактерии, корисен за имунитетот. Амазаке има карактеристичен сладок вкус и е омилен пијалок на Јапонците со векови. Во последниве години, овој пијалак прераснува во сè попопуларен тренд.


Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот