Кога луѓето размислуваат за преселување во друга земја, здравата животна средина и достапниот здравствен систем се наоѓаат на врвот на работи кои луѓето ги бараат.
Во анкетата спроведена од „
InterNations“, најголемата мрежа за луѓе кои живеат и работат во странство, експертите го испитувале и рангирале здравјето и благосостојбата на испитаниците во земјите во кои живееле и во кои живеат, како дел од широкиот извештај за квалитет на животот за оние кои планираат да се преселат во странство.
Во анкетата учествувале 14.300 луѓе кои не живееле во своите родни земји, кои биле од 174 различни националности и живеат во 191 земја. Испитаниците ги оценувале и рангирале различните аспекти на животот во странство на скала од 1 до 7.
Во под-индексите биле вклучени здравјето и благосостојбата, а ова се 13-те најздрави земји:
13. Шведска
12. Канада
11. Нов Зеланд
10. Шпанија
9. Костарика
8. Франција
7. Германија
6. Данска
5. Израел
4. Јапонија
3. Финска
2. Тајван
1. Австрија