X
 10.01.2022 Живот

„Злокобен“ повеќе не е најстрашен: Од овој филм срцето отчукува 130 пати во минута

Откако хорор-филмот „Злокобен“ беше прогласен за најстрашен на сите времиња во 2020 година, оваа титула во 2021 година ја освои друг филм.

Проектот „Science of Scare“ од август до септември минатата година покани 250 испитаници да гледаат 40 од „најстрашните“ хорор-филмови во светот, а во таа пригода им го мереле пулсот и ги ставиле во посебна просторија, каде што биле под медицински и истражувачки надзор.

Во 2020 година „Злокобен“ даде највисоки резултати, со 86 отчукувања во минута, што е зголемување за 32 отсто во однос на стапката на мирување од 65 отчукувања во минута.

Тие резултати едвај се променија во минатогодишниот експеримент, но еден филм успеа да постигне повисок просечен пулс од 88 отчукувања во минута. Станува збор за хоророт „Домаќин“ (Host) во режија на Роб Севедз, кој се одвива целосно на „Зум“.

1
Фото: Science of Scare Project /broadbandchoices

- Нашите испитаници имаа зголемување на отчукувањата на срцето за 37 отсто додека го гледаа овој филм, од просечни 64 на 88 отчукувања во минута, при што најстрашниот момент во филмот предизвика до 130 отчукувања во минута (што е еквивалентно на трчање) - пишуваат од проектот.

„Астрална подмолност“ (Insidious) го зазеде третото место по „Домаќин“ и „Злокобен“, со просечен пулс од 85 отчукувања во минута, а потоа следуваат „Повикување на злото“, „Наследство“, „Преплашен“, „Тоа доаѓа“, „Тивко место 2“. „Паранормална активност“ и „Повикување на злото 2“.

Интересно, класичниот хорор не помина толку добро, па на пример, „Кошмар на улицата на брестовите“ и „Ноќ на вештерките“ се рангирани на 16. и 17 место.



Извор: Bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот