X
 14.08.2026 Живот

Дали сте слушнале за „француска недела“? Овој тренд на многумина би можел да им се допадне

Сè попопуларен станува концептот „француска недела“, нов тренд инспириран од францускиот начин на живот. Станува збор за едноставен пристап кон одморот и грижата за себе кој се спротивставува на притисокот дека викендите мора да бидат исполнети со активности и обврски.

Што е „француска недела“?

„Француска недела“ е концепт кој во центарот го става опуштањето и одморот на начин што на поединецот најмногу му одговара. Во Франција неделите традиционално се посветени на семејството и одморот. Бидејќи многу продавници и супермаркети не работат, жителите и посетителите се поттикнати да го забават ритамот и да уживаат во слободното време.

- Трендот „Француска недела“ се заснова на многу едноставна идеја: слободното време да го користиме како што сакаме, на начини кои вистински нè исполнуваат и регенерираат. Не мораме викендот, а посебно неделата, да ја доживуваме како време што треба да се оптимизира или да се исполни со продуктивни активности. Самите можеме да дефинираме што за нас значи добро искористено време - објаснува Алекс Снајдер, раководител на организацијата „Слоу мајндфулнес“.

- Французите во тоа се мајстори. Нивните оброци се долги и опуштени. Дури и во Париз разговорите за време на ручекот во работните денови често се продолжуваа. Иако и француските семејства имаат обврски како и сите останати, се чини дека полесно си дозволуваат едноставно дружење во парк или долги семејни ручеци - додава Снајдер.

Како да се практикува „француската недела“

За практикување на „француската недела“ не се потребни ниту пари ниту многу енергија. Суштината е да си дозволите да правите што го сакате, дури и ако тоа значи преспивање на целиот ден без чувство на вина поради работата што ве чека во понеделник.

- Најдобро од сè е што клучот е во нашиот став: во одлуката да забавиме, повторно да се поврземе со себе и со другите, и да сфатиме дека тоа е вредна цел. Кога некој ќе нè праша како го поминавме викендот, не мора да набројуваме достигнувања. Можеме едноставно да кажеме: - Го поминав токму онака како што сакав. И беше одлично - вели Снајдер.

- Французите можат да ни бидат инспирација за да сфатиме дека долгите оброци, излежувањето во парк, читањето книга или едноставно дремењето се вредни начини за минување на времето. Само треба да си дадеме дозвола и да го цениме тоа време на неактивност исто толку колку и она во кое сме продуктивни.

Извор: Index.hr
Фото: Magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот