X
 07.02.2017 Живот

И покрај гласините, нема доказ за педофилски круг на „YouTube“

Пред неколку недели на „Reddit“ започна ширење на гласини за педофилски круг кој оперира на „Youtube“, односно, неколку корисници тврдат дека пронашле доказ за група на педофили кои разменуваат експлицитен материјал на „Youtube“.


Во видеата, според неколкумина кои ги виделе, навистина има деца, но не се од сексуална природа. Децата кажуваат за своите омилени „Youtube“ канали, играат или пак, не прават ништо посебно. Она што ги вознемирува корисниците се коментарите под видеата, кои се често експлицитни. Кој ги објавува тие видеа и зошто?

Првата индикација се насловите - „Webcam video from…“. Тоа е стандарден наслов кој се користи од некои производители на бев камери и кажува дека личноста која ги поставила не се мачела да го смени насловот или пак, не сфатила што прави. Некои сметаат дека видеата се објавуваат од самите деца, кои можеби и не се свесни за експлицитните коментари.

Откако гласините добија големо внимание од јавноста, многу од видеата со наслов „webcam video from…“ се отстранети, најверојатно од „Youtube“. Од таму не одговориле директно на прашањата за видеата, но во своја изјава тврделе дека немаат толеранција за сексуална содржина која вклучува малолетници и сиот материјал што е од таков тип, вклучувајќи ги и коментарите, ќе резултира со автоматско отстранување.

Експертите сметаат дека ваквите случувања се доволен показател дека родителите треба да бидат претпазливи и да внимаваат што прават нивните деца на Интернет.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот