Американската педијатриска академија и канадското здружение за педијатрија препорачуваат декцада до втората година воопшто да не бидат изложени на технологија, од 3-та до 5-та година тоа да биде најмногу еден час дневно, а од 6-та до 18-та година не преку два часа дневно.
Како педијатриски терапевт и авторка на книгата „Virtual child“, Крис Роуан ги повикува родителите, наставниците и надлежните институции да ја забранат употребата на преносливи уреди до 12-та година. Во прилог на тоа, Роуан наведува цврсти аргументи поткрепени со научни истражувања.
1. Влијанието на развојот на мозокот
До втората година од животот, мозокот на детето ја зголемува својата големина за три пати и продолжува да се развива до 21-та година. Раниот развој на мозокот е условен со стимулации од областа на животната средина или нивниот недостаток. Прекумерната изложеност на технолошки уреди негативно влијае врз функционирањето на мозокот и предизвикува недостаток на внимание, го забавува развојот на когнитивните способности, го нарушува учењето, ја зголемува импулсивноста и ја намалува способноста за самоконтрола (бесот).
2. Забавен развој
Употребата на технологијата го ограничува движењето и води кон забавен развој. Секое трето дете сега посетува настава со задоцнување во развојот што лошо се одразува на писменоста и неговите академски достигнувања. Физичката активност го подобрува вниманието и способноста за учење. Користењето на технологијата пред 12-та година влијае врз развојот на способноста на детето да учи.
3. Епидемија на дебелина
Гледањето на телевизија и играњето на видео игри се поврзани со дебелината кај децата. На оние деца на кои им е дозволно да гледаат телевизија или да играат игри во својата соба, за 30% имаат поголема веројатност да имаат прекумерна тежина, а една третина од децата добиваат дијабетес. Исто така тие се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања кои го скратуваат животот. Поради дебелината, генерациите родени во 21-от век можат да бидат првите во кои многу деца нема да ги надживеат своите родители.
4. Недостаток на сон
Три четвртини од родителите им дозволуваат на децата да користат технологија во нивната соба, а 60% од нив немаат увид во тоа како и колку децата користат технологија. Како резултат на тоа, во три четвртини од случаите, децата на 9-10 години им недостасува сон во толкава мера што тоа се одразува на нивните оценки на училиште.
5. Ментални болести
Прекумерната употреба на технологијата е поврзана со зголемувањето на депресијата и анксиозноста кај децата, синдромот на нарушување на вниманието, проблеми со односите и поврзувањето, аутизам, биполарно нарушување и други проблеми во однесувањето. Едно од шест деца во Канада има ментално нарушување, а голем дел од нив се на опасни лекови.
6. Агресивност
Насилството во медиумите доведува до насилство меѓу децата. Малите деца се` повеќе се изложени на слики на физичко и сексуално насилство во медиумите. Играта „Grand Theft Auto V“ прикажува експлицитен секс, убиства, силување, злоупотреба и осакатување, а тоа го прават и многу филмови и емисии.
7. Дигитална деменција
Поради тоа што влијаат врз тоа мозокот да се „потсетува“ на нервните патишта кои водат кон фронталниот кортекс, брзите медиумски содржини придонесуваат за нарушување на вниманието, лошата концентрација и потешкотиите во меморијата.
8. Зависност
Како што родителите се` повеќе се поврзани со технологијата, така се` повеќе се оддалечуваат од своите деца. Во недостатокот на поврзаноста, децата се насочуваат кон технолошките уреди и стануваат зависници. Секое 11-то дете на возраст од 8 до 18 години е зависно од технологијата.
9. Зрачење
Во мај 2011 година Светската здравствена организација ги назначи мобилните телефони и останатите безжични електронски уреди како „потенцијално канцерогени“ (ризик категорија 2Б). Децата се чувствителни на овие ризици бидејќи нивниот мозок и имунолошки систем се`уште се развиваат. Во меѓувреме се појавија препораки категоријата на ризик да се префрли на 2А, што значи „веројатно канцерогено“.
10. Неодржливост
Начинот на кој денешните деца растат и се едуцираат со технологијата повеќе е невозможно да се одржува. Децата се нашата иднина, но нема да постои иднина за децата кои прекумерно ја користат технологијата. Потребен е заеднички труд да се намали количината на технологија во детските животи.