X
 07.02.2017 Образование

Објавени се резултатите од јануарското екстерно тестирање

Учениците од завршните години во средното образование денеска на огласните табли во улчилиштата ќе ги добијат оценките од екстерното тестирање.



Државниот испитен центар соопшто дека јануарската сесија од екстерното проверување на постигањата на учениците од завршните години на средното образование поминало во најдобар ред и генерално без проблеми.

- Со тестирањето беа опфатени 19178 ученици кои беа тестирани по два предмети во два дена. Од страна на училиштата пријавени се само 4 прашања со технички проблем од вкупно 103300 прашања од објавената база (две прашања со нецелосен превод, едно дупло прашање и едно прашање со два исти дистрактори). Овие прашања се поништени и избришани од базата со што учениците нема да бидат оштетени. Денес, во училиштата ќе бидат објавени резултатите од екстерното проверување на постигањата на учениците, а приговор ќе можат да достават во училиштата, каде ќе им биде овозможен и увид во тестот. Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 13 овој месец - соопштија од ДИЦ.

За учениците кои биле оправдано отсутни ќе биде организирана дополнителна сесија која ќе се спроведе во два дена и тоа на 27 февруари и 3 март.
Подготвил: М.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование