X
 07.02.2017 Забава

Се исполни уште едно пророштво на Симпсонови

Го предвидоа доаѓањето на власт на Доналд Трамп, смртта на горилата Харамбеа и скандалот со коњското месо. Сега се исполни уште едно пророштво на Симпсонови – настапот на Лејди Гага на Супербоул.


Триесетгодишната пејачка имаше настап од 13 минути на полувремето на Супербоул кој многу потсетува на епизодата од 2012 година, во која се појавува Лејди Гага.



Вистинската Лејди Гага, како и што вети, не испрати експлицитни политички пораки со својот настап, иако е гласен противник на Доналд Трамп. Сепак, „меѓу редови“ можеше да се забележи нејзината поддршка за ЛГБТ заедницата.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава