X
 08.02.2017 Култура

Тајните пораки кои ги кријат британските патишта

1

Благодарение на тајните и скриени пораки вметнати во патиштата и тротоарите во Британија, денес луѓето со попречен вид или било каква состојба која им предизвикува потешкотии при движењето, тие можат полесно да се движат.

Секако, овие патишта не им испраќаат пораки само на луѓето со оштетен вид, туку и на сите останати - без тие да сфатат. Оваа суптилна форма на комуникација не се наоѓа само на тротоарот. И на мотористите и велосипедистите исто така им кажува што да прават.

2


Еден од највпечатливите примери во градовите ширум Велика Британија се моделите на скала и трамвајските шеми кои го означуваат почетокот на споделените патишта и пешачките патеки. Хоризонталниот модел на покренати линии низ тротоарот им покажува на лицата со оштетен вид дека се на страната на патеката; кренатите линии по должината на правецот укажуваат дека таа страна е наменета за велосипедисти. Широка линија ги дели двете.

Тука постои и друг момент. Бидејќи испакнатините се непријатни за возење на велосипед, велосипедистите се инстинктивно привлечени кон трамвајскиот модел кој е во иста насока како што патуваат. Со тоа, обезбедено е велосипедистите да останат на нивната страна од патот.

2

Постои збунувачка низа на текстури низ патиштата во британските градови со цел да пренесат слични пораки. Така на пример, доколку текстурата е со точки во форма на буквата „L“, тоа значи дека има семафор за пешачки премин.

3

За оние кои знаат каде треба да погледнат, постои уште една тајна порака која се крие околу пешачките премини на кои треба да се притисне копче, а потоа се чека за сигнал кој е знак за зелено светло. Скриен е на долната страна од кутија со мало копче. Кога светлото се менува во зелено, цилиндарот се врти со што означува дека е безбедно да се помине.

4

На други места може да се најдат зголемени и заоблени „ребра“ преку тротоарот. Тие испраќаат предупредување за сите оние кои стојат над нив за тоа што се наоѓа пред нив - дали станува збор за некаква опасност, односно скали или премин на ниво.

5

Патниците во возовите се веќе запознаени со плочките во боја кои укажуваат на работ на платформата.

Голем број села имаат преземено многу акции за намалување на брзината на возење. Така на пример, Норфолк посади околу 200 дрвја покрај патиштата. Дрвјата беа дел од експеримент во 2010 година чија цел била да се намали брзината на возачите по главните улици. Садењето близу едно до друго дрво дава илузија дека возачите возат пребрзо.

6

Други села пак, презеле алтернативни пристапи за забавување на сообраќајот - така на пример, постојат знаци кои предупредуваат дека треба да се намали брзината бидејќи возачите влегуваат во различен вид на област.

На патиштата во Британија, белите линии помеѓу лентите се користат за да го сменат начинот на кој се однесуваат возачите. Со приближувањето кон раскрсница, линиите стануваат подолги, а просторот помеѓу нив помал. После раскрсницата тие стануваат пократки и има голема празнина меѓу нив.

8

Автопатите пак имаат функција наречена „мачкини очи“ со која можат да комуницираат со возачите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура