X
 24.06.2016 Живот

Како, всушност, се излегува од Европската Унија?



Откако Британија изгласа излегување од Европската унија, ова се чекорите кои следат за таа да излезе. Напомена: со оглед што ниту една членка досега не излегла од ЕУ, процесот е релативно непознат и полн со прашања. Но, основниот пат за британското излегување отприлика изгледа вака:

1. Британија го известува Советот на Европа дека излегува

Британските лидери формално ќе го известат советот дека ќе излезат од ЕУ, како што е дефинирано во членот 50 од Договорот за ЕУ. Европскиот совет има претставник од секоја земја членка, како што се премиер, претседател или канцелар.

Не е јасно кога Британија ќе го извести Советот. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека британските граѓани ќе очекуваат процесот да започне веднаш доколку гласаат за излегување. Постои голема веројатност Камерон да поднесе оставка, со оглед на тоа што се залагаше Велика Британија да остане во ЕУ.

2. Британија и ЕУ мораат да ги усогласат условите за излегување

ЕУ и Велика Британија ќе преговараат околу техничките детали за излегување, а за тоа време Британија треба да се однесува како редовен член, освен што нејзините претставници во Советот не би требало да учествуваат во расправите и гласањето поврзано со британското излегување од ЕУ.

3. И двете страни мораат да ги потврдат условите за излегување

За излегување гласаат две европски законодавни тела - Европскиот парламент и Советот на министри. Европскиот парламент има повеќе од 700 членови и мора да го потврди британското излегување со мнозинство. Нејасно е дали 73-те британски членови на парламентот ќе можат да гласаат. Советот е составен од претставници на владата на секоја членка, со ротирачко членство: во зависност од тоа за која тема Советот расправа, на советот доаѓаат ресурни министри кои го покриваат ова подрачје. Во овој случај, 20 членови на Советот мораат да гласаат за излегување. Членот 50 од Договорот за ЕУ не специфира како земјата која излегува како ќе ја потврди одлуката во врска со своето законодавно тело, но засега се чини дека британската влада ќе испрати договор за прекинување на договорот во британскиот парламент.

4. Британија и ЕУ имаат рок од две години за да го направат сето ова

Откако британската влада официјално ќе го извести Советот за неговата намера да излезе од ЕУ, започнува двегодишниот период - во текот на овој период сите процеси треба да завршат. Постои опција, ако овој рок да се одложи, но за тоа ќе треба едногласно да гласаат сите членови на Советот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот