X
 19.09.2021 Живот

Ова е најубавата улица во Велика Британија

Улицата „Шамблс“ во англискиот град Јорк сѐ уште го има оној средновековен шарм.

Значењето на името на улицата е хаос, неред, а порано на ова место имало кланици и полици со изложени месарски производи. Поради ова, улицата е многу тесна, со цел да се спречи навлегување на сончевите зраци до месото.


Имено, во средниот век хигиенските услови биле на доста ниско ниво, а животните биле колени среде улица, па сончевите зраци можеле да го расипат месото.

До крајот на 19 век на улицата „Шамблс“ имало 31 месар, а денес воопшто ги нема. Архаичното име на улицата останало како спомен.


Денес, месарниците се заменети со шармантни ресторани, книжарници и пекарници и мириса на чоколадо и пекарски производи.



Повеќето куќи и згради во улицата датираат од 15 век, а неколку од нив се од 14 век. Зачуваната архитектура и рустикалноста на улицата ги освоија срцата на посетителите, а „Гугл стрит вју“ ѝ ја додели на „Шемблс“ наградата за најубава улица во Велика Британија.


Извор: B92.net
Фото:  Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот