X
 15.06.2024 Живот

Дали знаете кои земји имаат најмногу амбасади низ светот?

Лесно е да се открие економската моќ на една земја (БДП) или евентуално воената моќ (воен буџет). Но, што е со дипломатското влијание?

Индексот на глобалната дипломатија од Институтот „Лови“ е обид да се измерат и споредат дипломатските мрежи низ светот за да се разберат надворешните врски што влијаат врз геополитиката.

Кина води со 173 амбасади во светот, засенувајќи ги САД, кои имаат 168. Поранешните колонијални сили Франција и Велика Британија се рангирани на четврто и петто место, а петорката ја заокружува Јапонија.

Кина има поголемо дипломатско присуство во Африка, Источна Азија и Пацификот, додека САД водат во Америка, Европа и Јужна Азија. Ова ги одразува и трговските и економските врски на двете велесили.

ambasadi
Фото: Visual Capitalist

Во меѓувреме, Турција и Индија најмногу ги зголемија своите дипломатски мрежи во последните години. Интересно е што и двете земји ѝ дадоа приоритет на Африка. Всушност, Индија е клучна извозна дестинација за многу африкански земји.

Во меѓувреме, Русија мораше да затвори 14 странски мисии откако ја нападна Украина во 2022 година, паѓајќи за две позиции меѓу 2017 и 2022 година.

Извор: Visualcapitalist.com
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот