X
 10.02.2017 Култура

Подгответе се за новата мода која ги враќа 80-те

мода

Во почетокот на 80-те, светот и не беше баш најдобро место. Тачеризмот во Велика Британија и реганизмот во Америка беа контроверзни политики, а постоеше и висока стапка на невработеност, постојана закана за нуклеарен холокауст, и конфликти близу до војна.

Младите луѓе и во Америка и во Британија не беа баш големи оптимисти. Токму во оваа средина се роди пост панкот, „Новиот Бран“ и скејт културата - трите стилови кои повторно станаа релевантни.

2

Во продолжение погледнете ги колекции на неодамна завршената модна недела во Њујорк и за брзо време ќе ви стане јасно дека дизајнерите се враќаат на онаа мода на младите незадоволни луѓе од 80-те.

„Не сакав да создадам панк во типична естетска мода, меѓутоа ми се допадна идејата „да го посетам“ и него, и неговиот став. Од порано, и особено кога нешто ќе се случи во оваа земја, се чувствувам како да сакам да направам нешто кое групата на луѓе која се противи на случувањата, би го носела“, вели Раф Симонс.

2

Разликата овој пат е што стилот на моментот „го цитира“ минатото. Зборува јазик кој е и нов и стар, и укажува на тоа дека, со оглед на непријатноста на моментот, постои потреба за протест, борба, меѓутоа и потреба за удобност, носталгија.

Модата е секогаш одраз на нејзиното време. А моментално, ова време е збрка на непознатото и вознемирувачки познатото. Исто како да сме слушнале некоја песна претходно, меѓутоа не можеме да кажеме кој ја пеел.

6
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура