Руските космонаути Олег Артемјев, Сергеј Корсаков и Денис Матвеев безбедно слетаа на Земјата вчера, откако минаа околу 200 дена на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Вселенската капсула „Сојуз“ слета во степите во средишниот дел на Казахстан, потврдија и снимки од американската вселенска агенција НАСА. Во средата, Артемјев ѝ ја предаде командата на МВС на италијанската астронаутка Саманта Кристофорети, која со тоа стана првата Европејка што ја презеде таа улога.
Астронаутите Боб Хајнс, Кјел Линдгрен и Џесика Воткинс се со неа на МВС. Минатата недела им се придружија космонаутите Сергеј Прокопиев и Дмитири Петелин од руски Роскосмос, како и Френк Рубио од НАСА.
Новиот американски екипаж „Кру-5“, составен од командантката Никол Аунапу-Ман и нејзиниот колега од НАСА, Џош Касада, потоа јапонскиот астронаут Коичи Ваката и Русинката Ана Кикина би требало да пристигнат на МВС следната седмица.
Извор: МИА