Фото: Printscreen/Youtube
Рајан е ѕвезда на јутјуб-каналот „Рецензија на играчки според Рајан“ што го следат милион луѓе.
Овој канал реализирал приход од 11 милиони долари во текот на оваа година, според годишната листа со најпребарувани познати личности на „Јутјуб“ што ја објавува „Форбс“. Рајан се најде на осмото место на оваа листа, а својот бизнис го почнал во 2015 година.
Зад каналот стојат неговите родители, кои секојдневно снимаат видеа и ги објавуваат, но идејата всушност е на самиот Рајан.
Кога имало четири години, ова момче обожавало да гледа „Јутјуб“. Еден ден ги запрашало своите родители зошто не може да гледа оцени на играчките. Тогаш тие одлучиле да создадат ваков канал.
Првите неколку месеци каналот не привлекол многу внимание, но во јули 2015 година направил бум. На снимката што го прославила Рајан, тој отвора и прегледува кутија со над 100 играчки од филмот на Пиксар, „Автомобили“,
Снимката станала вирална, а моментално има околу 800 милиони прегледи. Во меѓувреме Рајан започнал да оценува и прехранбени производи за деца. Снимките обично содржат искрен и ентузијастички коментар на шестгодишното момче за играчките што ги тестира.
Гледаноста на каналот, кој моментално има публика од 10
милиони претплатници, донесува околу милион долари месечно само од рекламните приходи.