X
 12.02.2017 Наука

Студенти ќе произведуваат пиво на Месечината

Идните инженери на универзитетот Калифорнија во Сан Диего дошле до револуционерна идеја – да произведуваат пиво на Месечината. До оваа замисла дошле на шега, но потоа се почнале сериозно да размислуваат за таков проект.

пиво на месечината

Овој тим од млади инженери ја освоиле наградата „Google Lunar X“ пред 1 година тоа ќе им овозможи блиска средба со Месечината. Студентите изјавиле дека се одлучиле да ја искористат можноста да видат кои видови на габи се наоѓаат на месечината и како би можеле да ги искористат.

Ова не е прв пат некој да сака да произведува алкохол во вселената. Пред некое време произведена е мала количина на пиво во вселенско летало на НАСА и се дошло до заклучок дека габите за производство на пиво поинаку се однесуваат на Земјата, а поинаку во вселената, но пивото имало исти вкус.

Ако сѐ им оди според планот, студентите пивото ќе го испратат на месечевиот поларен сателит. Тој пивото ќе го стави во леталото кое ќе кружи околу орбитата која се наоѓа на далечина од 880км x 70.000 околу земјата. После тоа леталото ќе оди на патување кон северозападната месечева хемисфера, во траење од еден ден.

Да се надеваме дека студентите ќе успеат да ја реализираат својата замисла.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука