Според податоците кои ги нуди веб страната за споредување на платата, Emolument.com, професионалците успеале преку базата на податоци и бонусите на нивните корисници, да направат листа на европски универзитети кои обезбедуваат најдобра плата.
Во истражувањето биле искористени податоци од 5.622 дипломци со бачелор и мастер дипломи, кои имаат помеѓу 5 и 10 годишно работно искуство.
Швајцарија недостижна
Најголем дел од универзитетите на оваа листа се наоѓаат во Швајцарија, Франција и Велика Британија.
Швајцарија се наоѓа на врвот на листата поради одличниот образовен систем и силната економија - особено е популарна мастер програмата на Св.Гален универзитетот. Дипломците од оваа швајцарска високообразовна институција наоѓаат добро платени работни места во финансискиот сектор, со неверојатни бонуси.
Француските универзитети исто така се добро рангирани на листата.
Многу студенти ги започнуаат кариерите во земјата во која ги завршиле студии. Иако се чини дека швајцарските дипломци заработуваат 40% повеќе од британските - кога ќе се пресметаат 40% повисоките трошоци за живот во Швајцарија, разликата во платата исчезнува.
Студентите повеќе не се спремни да плаќаат висока школарина како некогаш. Пред се', најдобро е да се изработи прецизна пресметка.
Школарината на повеќето европски универзитети е значително пониска отколку на британските универзитети. На пример во Св.Гален годишната школарина изнесува помалку од 2.300 евра, додека на повеќето британски универзитети изнесува околу 10.000 евра.
Најдобриот однос на вложено и вратено го има студирањето во Швајцарија и работа во Велика Британија.
Листа на универзитети чии дипломци имаат највисоки плати во Европа