X
 13.02.2017 Култура

Нова, малку откачена, теорија за портретот на Мона Лиза


Мона Лиза

Џонатан Џоунс, ликовен критичар за Гардијан, наведува дека Лиза дел Џоконда, моделот од сликата на Леонардо, можеби страдала од сифилис, сексуално пренослива болест.

Која е тајната на Мона Лиза? Нејзината мистериозна насмевка под речиси невидливиот свилен превез што ѝ ја прекрива косата, и погледот од кафеавите очи, како да видела некој кој ѝ влегол во видното поле. Привлечноста на овој портрет, што Да Винчи го почнал во 1503 година, отсекогаш била поврзана со недофатливата личност на моделот.

Џорџо Васари во 16 век тврдел дека Леонардо ангажирал музичари и дворски шутови само за да измами насмевка од Мона Лиза. Валтер Патер, пак, во викторијанската доба мислел дека таа личи на „вампир“. Некои модерни проучувачи нејзиното лице го сметаат за андрогино, а тоа прв го забележал Марсел Дишан.
Сега, Џонатан Џоунс има нова теорија – можеби Мона Лиза имала сифилис.  

Во времето кога таа му позирала на Леонардо, Европа ја тресела епидемија на сифилис. Се ширела како шумски пожар. Некои велат дека болеста ја донеле морнарите на Колумбо по откривањето на Новиот свет во 1492 година. Но, дали нешто на сликата од Леонардо наведува на вакво мислење?

Мона Лиза е прикажана пред ридест пејзаж што го пресекува пат кој води кон извор и планини во далечината. Можеби тие далечни планини преку широките сини води претставуваат нов свет – изворот на тајната на Мона Лиза.

Според мислењето на една група лекари, изнесено пред десетина години, устата на Мона Лиза била затворена заради болеста сифилис и терапијата што ги поцрнувала забите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура