Најголемото разочарување меѓу туристичките атракции во Европа е „Мона Лиза“, ако може да му се верува на истражување спроведено од страна на авиокомпанијата „Изиџет“, спроведено со 2.000 британски туристи.
На прашањето кои туристички атракции не ги исполниле нивните очекувања, испитаниците издвоиле 10 најголеми разочарувања, а победила непроценливата слика на Леонардо да Винчи, која се чува во музејот „Лувр“ во Париз.
Ова уметничко дело од 16 век, кое во Гинисовата книга на рекорди се води како слика со најскапо осигурување, а чија проценета вредност уште во 1962 година била 100 милиони долари (според денешната вредност околу 830 милиони), не ги импресионирало посетителите.
Можеби тие очекувале слика со поголеми димензии, можеби очекувале дека ќе ја гледаат во мир, да се приближат до неа и да уживаат во насмевката. Како и да е, туристите останале разочарани од
сликата.