Летото и гламурот завршија за овој бразилски град кој беше домаќин на летните Олимписки игри. Во серија морничави и депресивни фотографии, она што пред 6 месеци биле Олимписките стадиони кои ги користеа врвните спортисти денес се валкани и напуштени, вклучувајќи го и легендарниот стадион Маракана.
Во град кој очајно се надеваше дека ќе исчезне сиромаштијата и долговите со тоа што ќе ги вратат парите кои ги потрошија, ова се остатоците од разрушениот сон.
Рио 2016 беше преполн со скандали дури и пред да започнат игрите, вклучувајќи го и Зика вирусот, извештаите за допинг од страна на руските спортисти и импичментот на претседателот Дилма Русеф поради корупција. Вториот по големина град во Бразил е до гуша со милионски долгови кај меѓународните кредитори, а сега ѝ должи повеќе од 900.000 долари на локална енергетска компанија.
Матни базени, истрошени
терени и вандализирање е она што може да се пронајде во Олимпискиот парк. Иднината на овие шокантно запоставени згради останува неизвесна, меѓутоа дефинитивно е јасно дека не се приоритет на долгата листа на претстојни предизвици во Рио.
Линк до галеријата.